И Хрватска забрани продажба на лесни пластични кеси

Хрватска од денеска забранува продажба на лесни пластични кеси за носење, соопшти тамошното Министерството за економија и одржлив развој.

Забранети за употреба се пластични кеси за носење со дебелина до 50 микрометри кои најмногу се користат на пазарот. Тие обично не можат да се користат повеќекратно, поради што значително ја загадуваат животната средина.

Ресорното Министерство информираше дека пластичните кеси за носење кои се подебели од 50 микрометри може да се користат повеќепати, така што и понатаму може да се користат и продаваат, бидејќи повторната употреба придонесува за спречување на создавање на отпад.

Дојде и повик граѓаните од Нова година со себе да носат платнени торби или корпи за носење.