Искршени компјутери и инвентар во штипско училиште

Искршени смарт-табли, инвентар и компјутери во штипското основно училиште „Ванчо Прке“, каде вчера бил извршен вандалски чин, поради што денеска нема настава.

Искршени смарт-табли, инвентар и компјутери во штипското основно училиште „Ванчо Прке“, каде вчера бил извршен вандалски чин, поради што денеска нема настава.

„Ги известуваме сите родители дека денес немаме настава во училиштето од оправдани причини“, пишува на профилот на „Фејсбук“ на училиштето.

Освен искршена техника, лицето што влегло во училиштето со спреј на ѕидовите напишало недолични пораки.

Според камерите за видео-надзор во училиштето, вандалот влегол некаде пред полноќ.

Проценката и увидот сѐ уште траат, по што ќе се знае висината на материјалната штета.