
Иран егзекутираше маж под обвинение за шпионажа во корист на САД и Израел
Лицето, идентификувано како Моџтаба Киан, според властите во Техеран, испраќало податоци на „непријателот“ за иранската одбранбена индустрија.
Иранските власти утринава егзекутираа маж под обвинение за пренесување доверливи информации на САД и Израел за време на војната, јави информативната агенција на иранското правосудство „Мизан“.
Лицето, идентификувано како Моџтаба Киан, според властите во Техеран, испраќало податоци на „непријателот“ за иранската одбранбена индустрија.
Во Иран се спроведуваат голем број смртни казни по обвиненија за шпионажа, особено по масовните протести што избувнаа во јануари, а кои беа брутално потиснати од државното раководство.
Според податоците на меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешнал“, во текот на 2025 година во Иран биле извршени најмалку 2.159 егзекуции, што претставува рекорден број за Исламската Република во последните 45 години, забележува агенцијата ДПА.