„Златен лав“ за „Непознатата жена“, Малкович ја освои наградата за најдобар глумец

Филмот „Woman Unknown“ на данско-египетската режисерка Меј Ел-Тухи ја освои наградата „Златен лав“ за најдобар филм на 83. Филмски фестивал во Венеција.

Филмот „Woman Unknown“ на данско-египетската режисерка Меј Ел-Тухи ја освои наградата „Златен лав“ за најдобар филм на 83. Филмски фестивал во Венеција.

Овој психолошки трилер, чие дејство се одвива по Втората светска војна, беше еден од само двата филма режирани од жени што годинава се натпреваруваа за „Златниот лав“.

Дејството се одвива во Данска, во летото 1945 година, а во главната улога настапува Матилде Арсел како дадилката и куќна помошничка Мари, која е пред брак со својот богат, постар работодавач – вдовец.

Радоста поради ослободувањето има и своја мрачна страна, бидејќи жените кои одржувале блиски односи со германските војници се пронаоѓаат и јавно се срамотат. Минатото на Мари се заканува да ја стигне.

„Филмот ја раскажува приказната за невидливите жени“, рече Ел-Тухи при примањето на наградата. „Жени кои остануваат незабележани и неслушнати. Им благодарам на прекрасната актерска екипа за страста што ја вложија во портретирањето на овие ликови.“

Претходно истата вечер, Арсел го освои „Купот на Волпи“ за најдобра актерка за нејзината изведба во филмот. Во емотивен говор, проследен со солзи, таа ѝ се заблагодари на Ел-Тухи што истрајала во реализацијата на овој предизвикувачки проект.

Со жирито оваа година претседаваше Меги Џиленхол, а во него членуваа и туниската режисерка и сценаристка Каутер Бен Ханија („The Voice of Hind Rajab“), англискиот композитор и уметник Даниел Блумберг, италијанскиот професор Франческо Касети, францускиот режисер и сценарист Ксавие Џаноли, авганистанската режисерка и сценаристка Шахрбану Садат и режисерот и продуцент од Хонгконг, Џони То.

Меѓу другите награди во главната конкуренција, Ли Чанг-Донг ја освои Големата награда на жирито за филмот „Possible Love“, кој ја истражува суровоста на модерниот систем на труд преку приказните на два брачни пара: отпуштен работник и неговата сопруга, како и документаристката и нејзиниот сопруг. Сребрениот лав за најдобар режисер му припадна на Иља Хржановски за филмот „ДАУ“, објави „Варајети“.

Израелскиот документарен филм „Naza“ на Јувал Абрахам и Рејчел Зор – кој предизвика силен одек и рекорден 25-минутен аплауз на премиерата, а се занимава со нападите на израелската армија врз цивили во Газа – ја освои Специјалната награда на жирито, додека Илија Хржановски ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Dau“. Фаворитот Џон Малкович ја освои наградата „Волпи“ за најдобар актер за улогата во филмот *Wild Horse Nine*, што дополнително ќе ги поттикне надежите за „Оскар“. Актерот, кој моментално е на снимање, не можеше да присуствува на церемонијата, па наместо тоа испрати видео-порака.

Во секцијата „Оризонти“ (Orizzonti), наградата за најдобар филм му припадна на остварувањето *Diana in the Loop* на режисерите Ан Сиро и Рафаел Балбони. Филмот раскажува приказна за млада жена која одлучува да се одмазди за силувањето на нејзината мајка, кое се случило три години пред таа да се роди.

Меѓу другите значајни награди во придружните програми беше и онаа за најдобра актерка, доделена на Лалех Марзбан за нејзината храбра изведба без хиџаб во иранската драма *Falling House*. Таа толкува лик на млада жена чии соништа за манекенска кариера надвор од Иран се попречени од нејзиниот татко – тирански настроен затворски чувар.

Таа ѝ ја посвети наградата на сите жени во Иран, изјавувајќи на фарси јазик дека земјата минува низ еден од најболните и најтешките периоди во својата историја.

„Сакам да ги спомнам луѓето од мојата татковина, Иран, кои живеат под најголем притисок досега. Би сакала да ѝ ја посветам оваа награда на жените од мојата земја, кои ја платија највисоката цена дури и за најмалата форма на слобода. Денес, повеќе од кога било, тие продолжуваат да ги негуваат своите соништа, својата храброст и својата надеж“, рече таа.

Италијанскиот актер Рикардо Скамарчо ја освои наградата за најдобар актер за улогата во филмот *The House of the Monkey*. Тој игра посветен татко на син со попреченост, кој се зближува со својот внук-тинејџер, гледајќи во него синот што отсекогаш го посакувал. Филмот ја освои и наградата за најдобро сценарио, која им припадна на режисерот Томазо Ландучи и соавторот Дамијано Фемферт.

Скамарчо му ја посвети наградата на сите татковци во светот, како и на британскиот продуцент Џереми Томас, добитник на Оскар за најдобар филм за „Последниот император на Кина“, чија смрт на 77-годишна возраст беше објавена претходно истиот ден.

Наградата „Лав на иднината – Луиџи Де Лаурентис“ за дебитантски филм му припадна на камерунско-францускиот режисер Огист Бернар Куемо Јангху за филмот *House of the Wind*. Филмот го истражува влијанието на миграцијата кон Европа преку приказната за 80-годишната Жозет, која живее сама во Јаунде, Камерун.

Синоќешната церемонија, чии водители се италијанските актери Грета Скарано и Николас Маупас, го заврши политички наелектризираното 83-то издание во кое други натпреварувачки филмови беа „Бункер“ на Флоријан Зелер, со Пенелопе Круз во главната улога, „Букинг Фастард“ на Вернер Херцог и „Малку светлина“ на Али Асгари, додека возбудливи филмови надвор од конкуренцијата беа „Маск“ на Алекс Гибни, „Што гради љубовта“ на Расел Кроу и седумчасовната посвета на Лука Гвадањино кон Бернардо Бертолучи, „Радоста на животот“.

Други незаборавни моменти беа наградите „Златен лав“ за животно дело за Џорџ Клуни и Елен Берстин.