Зеленски: Никому ништо не должиме и никому ништо нема да дадеме!

Володимир Зеленски – претседателот на Украина изјави дека меѓународните граници на неговата земја ќе останат такви какви што биле, посочувајќи дека потегот на Русија претставува повреда на интегритетот и суверенитетот на Украина. Тој ова го изјави откако рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Министерството за одбрана да испрати војници во регионите под контрола на сепаратистите поддржани од Москва во источна Украина.

„Не се плашиме“ – истакна Зеленски.

„Никому ништо не должиме и никому ништо нема да дадеме“ – изјави украинскиот претседател.

Тој нагласи дека Украина се уште е „заговорник за политички и дипломатски договор“.

Зеленски рече дека неговата земја сака мир и порача: Чекаме јасни и ефекасни чекори за поддршка од нашите партнери!