Жоеири Мола од Доминикана е Мис на свет за 2026

Претставничката на Доминиканската Република, 24-годишната Џохири Мола, е новата Мис на светот. Таа ја освои круната на финалето на 73-то издание на натпреварот за Мис на светот што се одржа во Виетнам, додека македонската претставничка Ева Величковска не успеа да се пласира меѓу првите 40 кандидатки.

Мола ја презеде круната од минатогодишната победничка, Сучата Чуангсри од Тајланд. За прва придружничка беше прогласена Шпанката Елизабет Рејнес, а за втора придружничка беше претставничката на Малезија, Таанусија Чети.

Која е новата Мис на светот?

Новата Мис на светот доаѓа од Санто Доминго, а покрај нејзината кариера како модел, се издвојува по своето образование и општествен ангажман. Дипломирала бизнис менаџмент и администрација на Ибероамериканскиот универзитет (UNIBE), а се занимава и со образование и хуманитарна работа.

Нејзиниот пат до светската круна започна со нејзината победа на националниот натпревар „Мис Мундо Доминикана 2025“ во Пунта Кана.

По победата, таа проговори за поддршката што ја доби за време на натпреварот. „Му благодарам на Бога, ова е жив доказ дека границите не постојат. Поддршката што ја добив од првиот ден, кога на прес-конференција објавив дека ќе учествувам, беше неверојатна. Сите беа со мене на секој чекор“, рече таа тогаш.

Победата на Мол има посебно значење за нејзината земја. Таа е само втората претставничка на Доминиканската Република што ја освоила титулата „Мис на светот“. Пред неа, Маријасела Алварез го постигна подвигот во 1982 година, па земјата чекаше уште една круна повеќе од четири децении.