
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека во текот на вчерашниот ден имало околу 30 пожари, од кои шест се уште се активни.
Тој се наоѓа на местото Рамно, близу границата со Косово, каде што пожарот е се уште активен, но како што посочи огнот гори ниско, трева и лисја и за среќа не зафаќа дрвја. Исто така посочи дека ветерот го носи чадот кон Скопска Црна Гора.
Додека Ангелов даваше појаснувања, прелета хеликоптерот на МВР, од кој доби ,,туширање”, бидејќи стоеше многу близу до теренот каде што се дејствуваше. Ангелов се пошегува дека тој е колатерална штета, но важно било пожарот да се изгасне.