Експлодирала плинска боца во Карпош, полицаецот што вршел увид пренесен во болница

На улицата „Разловечко Востание“ вчера во стан во сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, соопшти МВР.

Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.