Ед Ширан сними спот во Киев, неколку дена пред нападот на Русија

Музичката поп ѕвезда од Велика Британија – Ед Ширан го промовираше видео спотот снимен во Киев само неколку денови пред Русија да ја нападне Украина.

Тој вчера на својот официјален You tube канал го објави спотот за нумерата „2step“, во кој соработуваше со раперот Лил Бејби.

На почетокот на спотот се појавува порака од Ед Ширан, каде објаснува дека го снимил видеото во Киев непосредно пред „започнувањето на разорните акти на насилство“.

„Беше тоа мојата прва посета на таа земја и се чувствував многу добредојден“ – изјави пејачот.

Тој истакна дека целиот приход од You tube – стримовите ќе оди за хуманитарна помош за Украина.