ДЗС: Отстранети опасни гранати од минатите војни од места зафатени со пожар

Пиротехничарот на ДЗС, Ѓорги Стефанов од атарот на с.Мегленци Општина Новаци безбедно отстрани две артилериски гранати од 75 mm и 155 mm од Прва светска војна, „армирани“ (поминати низ топовска цевка) од предел што бил „поминат“ од мариовскиот пожар пред неколку денови.

Неексплодиранитрте убојни средства (НУС), гранатите, биле извадени од место што претходно било опфатено со пожар при што не експлодирале од огнот. Таквите гранати и други убојни средства се опасност плус за сите коишто се наоѓаат во регион каде што ги има, а тој е зафатен од пожар. Инаку, службената дојава до ДЗС Битола беше од страна на Полициска станица Новаци, а беа откриени од припадници на ТППЕ Битола.