Дац и Александар со нова верзија на„Ѕма Ѕма Ѕм“ од 1978 – ја посветија на јубилејот на Славе Димитров

На песната „Ѕма Ѕма Ѕм“ ѝ се придружи уште една интерпретација. Дац и Александар ја објавија својата верзија во соработка со Славе и Дарко  Димитров, поврзувајќи го проектот со 80. роденден на композиторот.

На песната „Ѕма Ѕма Ѕм“ ѝ се придружи уште една интерпретација. Дац и Александар ја објавија својата верзија во соработка со Славе и Дарко  Димитров, поврзувајќи го проектот со 80. роденден на композиторот.

Патот на песната почнува со групата „Македонија“ и Скопскиот фестивал во 1978 година. Музиката ја напиша Славе Димитров, а текстот Иван Карадак.

Во студиската соработка учествуваа Дац и Александар и Славе и Дарко  Димитров, од кои потекнува и идејата за обработката. Продукцијата е на  Дарко Димитров. Вокалниот состав го дополнуваат Маја Гроздановска Панчева и Билјана Ѓошева.

Дац и Александар ќе ја изведат песната како гости на концертот за 80 години Славе Димитров, на 28 ноември во Македонската филхармонија. Со нив ќе настапат и Маја Гроздановска Панчева и Билјана Ѓошева.

Песната беше претставена со видеоспот на 5 ноември во 12 часот. Креативниот тим ги комбинираше снимените сцени со Дац и Александар, Славе Димитров и останатите учесници со визуелни решенија изработени со вештачка интелигенција. Концептот е филмска приказна со кабаре-атмосфера.

Новата верзија е уште едно враќање кон домашниот фестивалски репертоар преку денешни изведувачи и продукција.