Годишната инфлација во Грција во октомври зголемена на 5,7 отсто – највисока во изминатите три и пол години

На 5,7 отсто се зголемила годишната инфлација во Грција, во октомври годинава и е највисока во земјата од февруари 2023 година, а за една година најголемо зголемувања на цените има кај природниот гас и нафтата, покажуваат официјалните податоците од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, за една година, од октомври 2025 до октомври 2026 година, цената на природниот гас се зголемила за 80 отсто, на дизел-горивото за 39,4 проценти, на нафтата за греење за 37,5 отсто, на бензинот за 25 проценти, а електричната енергија е за 17,9 отсто поскапа.

Значителни поскапувања има и кај прехранбените производи, односно јагнешкото месо поскапело за 9,1 отсто, говедското за 6,5 проценти, зеленчукот за 8,4 отсто, јајцата за 4,9 проценти, сирењето за 2,4 отсто, а лебот и другите пекарски производи за 1,8 проценти.

Поскапување е регистрирано и кај авионскиот превоз на патници (32,9 отсто), хотелите, мотелите и пансионите (27,6 проценти), облеката и обувките (3,8 отсто), кириите (6,8 проценти), туристичките аранжмани (6,2 отсто), рестораните, слаткарниците, објектите за брза храна и угостителските објекти (4,7 проценти) итн.

Во септември годинава инфлацијата беше за 0,7 отсто пониска, односно изнесуваше 5 проценти, а зголемувањето на инфлацијата резултираше и зголемување на цените за еден месец на одредени категории, како што се природниот гас, нафтата, струјата, овошјето и зеленчукот.