По низата скандали и превирања во Судскиот совет изминатите неколку месеци, се огласи Дејвид Гир. Тој најавува дека Европската унија испраќа оценска мисија во Македонија за работата на ова тело.
Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Дејвид Гир, ексклузивно за Топ Тема најави дека тоа веќе и` е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи.
„Мислам дека турбуленции е вистинскиот збор за тоа. Го следиме тоа од блиску со голема загриженост. Судскиот совет треба да игра многу значајна улога. Тој треба да ја штити и и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството. Тое е неговата работа. Јасно е дека не го прави тоа. И она што го видовме неодамна е навистина. Неодамнешните случувања се многу загрижувачки. До толку што поради тоа ние и предложивме на Владата да распоредиме тука оценска мисија на високо ниво за Судскиот совет, за да ги најде начините на кои ние може да одговориме на прашањата за професионализмот, интегритетот и независноста, за тие навистина да можат да ја вршат својата работа во иднина. Секако тоа е советодавна група, оценска мисија, се надевам дека ќе може тоа да го направиме набрзо, но тоа покажува колку внимание ние посветуваме на владеењето на правото и колку важна ја сметаме улогата на Судскиот совет. Ова треба да се поправи“, одговори Гир на прашањето за случувањата во Судскиот совет.