ГЕРБ нема да поддржи влада предложена од „Продолжуваме со промената“

Претседателката на пратеничката група на ГЕРБ, Десислава Атанасова денеска изјави дека нејзината партија нема да ја поддржи коалициската Влада на Бугарија предложена од „Продолжуваме со промената“. Таа напомена дека нејзината партија не знае ништо за идниот состав на Владата.

Изјавата на Атанасова доаѓа откако вчера нејзиниот партиски колега, Радомир Чолаков рече дека партијата би можела да ја поддржи кандидатурата на Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“ за нов премиер на Бугарија.

Атанасова потенцира дека се работи за коалиција на лево либерални партии, додека, пак, ГЕРБ е десничарска партија, која со години се држи до својата идеолошка ориентација.