Силен дожд го поплави Сплит

Големи поплави во хрватскиот град Сплит поради обилните дождови кои денеска паѓаат во Далмација, јавуваат тамошните медиуми.

Голем дел улици во Сплит се под вода, а на терен покрај пожарникарите се биле излезени и работници на патишта, водовод и канализација, но и полицијата.

Најавено е дека поради надојдена вода поголем број од патиштата во Далмација се непроодни и се затворени.

Метеоролозите предвидуваат дека во следните денови може да се очекува дожд и грмотевици, а на повисоките места и снег.