
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави видео во кое вели дека ништо не крие од народот и дека има намера да се бори за земјата.
„На сите политички актери им понудив разговор, консултации, да ги запознаам со притисоците и со сето она со кое се соочува Србија. Тие рекоа дека не сакаат да разговараат, барем добар дел од нив, туку сакаат јавна демонстрација и настап“, вели тој и додава:
„Државата Србија и нејзините интереси секогаш мора да бидат пред партиските и индивидуалните интереси. Само заедно и обединети можеме да се бориме за подобра иднина на нашата земја“, рече тој.
View this post on Instagram