Во Шри Ланка е најголемиот природен сафир во светот – 310 килограми

Најголемиот природен сафир се наоѓа во Шри Ланка, властите го изложија, јавува „Ројтерс“. Пред 3 месеци бил откриен таканаречениот „корунд сафир“ кој е еден од најретките во светот поради тежината од 310 килограми.

Скапоцениот камен е изложен во домот на еден од сопствениците на рудникот „Хорана“ во Ратнапура кој е познат и како главен град на скапоцените камења во Шри Ланка.

Земјата е водечки извозник на сафири и други скапоцени камења.