„Фајзер“ за 6,7 милијарди долари купува биофармацевтска компанија од Сан Диего

Фармацевтска компанија „Фајзер“ од САД информира дека постигнала договор за купување на „Arena Pharmaceuticals“ за 6,7 милијарди долари.

„Arena Pharmaceuticals“ е производител на лекови за гастроентеролошки, дерматолошки и срцеви заболувања.

Купопродажниот договор следувал откако понудата била двојно поголема од последната цена на затворање на акциите минатиот петок, која се зголемила за 92 отсто, на 95,90 долари.

„Arena Pharmaceuticals“ е биофармацевтска компанија основана во 1997 година со седиште во Сан Диего, а се очекува купувањето да се реализира во првата половина на 2022 година.