Во Хрватска најмногу заразени со Ковид во еден ден од почетокот на пандемијата
Во Хрватска во последното деноноќие се регистрирани 9.058 нови случаи на инфекција со коронавирус, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.
Животот го загубиле 33 лица, соопшти Хрватската цивилна заштита.
Од 19.975 тестирани лица, во последното деноноќие речиси половина билепозитивни на вирусот.
Во болниците, според податоците, има 1.824 пациенти, од кои на респиратори се 244 лица.
Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 12.764.