Во Трилинг со режисерот Манчевски, Дејан Дуковски и Косара Митиќ

Животот тече како на филмска лента. Што направивме во овие изминати 35 години, самостојна и независна држава?

Животот тече како на филмска лента. Што направивме во овие изминати 35 години, самостојна и независна држава?

„Ги заборавивме луѓето. Се подалеку и подалеку од човечката душа. Не си одат луѓето само за поголема плата. Повеќето си одат за правда, за тротоари по кои ќе можат да одат, си одат за чист воздух“, вели за „Трилинг“ режисерот Милчо Манчевски.

„Живееме во трагикомично време со трауматски последици. ‘Црно злато’ е фактички претстава за еден травестит на Балкан. Ние некако цело време го решаваме минатото, а никако да се чукнеме во глава и да речеме дај да видиме за иднината“, вели драмскиот автор и драматург Дејан Дуковски.

„Живееме во апатија, се помалку има надеж“, изјави Косара Митиќ, режисерска на филмот „17“.

Гледајте го премиерното издание на „Трилинг“ од новата сезона.