Министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис утринава потврди дека во земјата е детектиран првиот случај на варијантата – Омикрон. Плеврис рече дека било очекувано дека и во Грција ќе се регистрира новиот сој, со оглед на тоа што веќе е присутен во други земји.
Првиот случај во Грција се потврдил кај лице од јужна Африка кое пристигнало во земјата на 26 ноември и веднаш бил направен рапид тест на аеродромот, со негативен резултат.
Следниот ден, според информациите од грчките власти, се појавиле благи симптоми и тој секојдневно се тестирал со рапид тестови кои биле негативни. На 29 ноември добил позитивен резултат, тестиран со ПЦР тест.
По направените дополнителни тестирања, денеска добиле потврда дека се работи за варијантата – Омикрон.
Заразениот имал благи симптоми. а сите негови контакти се следат, велат надлежните.