Себастијан Курц се повлекува од политиката

Поранешниот австриски канцелар, лидерот на Народна партија на Австрија (ОВП) – Себастијан Курц се повлекува од политиката. Неговата позиција во партијата ќе ја заземе австрискиот министер за внатрешни работи – Карл Нехамер.

Курц ја водеше ОВП на минатите избори во 2019 година кога освои 37 проценти од гласовите.

Курц на 9. октомври се повлече од функцијата канцелар откако беше обвинет за поткуп, корупција и нарушување на довербата.