Кире Наумов и Фарук Исмаили реизбрани за членови на УО на Развојна банка

Досегашните членови на Развојна банка – Кире Наумов и Фарук Исмаили се реизбрани како членови на УО.

„Народна банка издаде решение со кое се издава претходна согласност за реименување на Кире Наумов за главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија и реименување на Фарук Исмаили за главен оперативен директор на банката. Членовите на Управниот одбор, претходно, довербата за мандат ја добија од членовите на Надзорниот одбор на банката, согласно Законот за банки.Членовите на Управниот одбор на Развојна банка, ги започнаа своите мандати во ноември и декември 2019 година и управуваа со државната банка изминативе две години. Развојна банка активно учествуваше во имплементацијата на економските сетови мерки донесени од Владата во справување со негативните ефекти предизвикани од пандемијата од КОВИД-19“ – соопштија од Развојна банка.

Во 2020 и 2021 година, Развојна банка пласираше кредити кон приватниот сектор во вкупен износ од 132 милиони евра, од кои 46 милиони евра во форма на бескаматни кредити и го потпиша шестиот финансиски договор со ЕИБ за 2021/2022 година во вкупен износ од 100 милиони евра.