Во Албанија, вчера регистрирани 17 пожари, активни се 8, евакуирани жители

Пожари и понатаму беснеат низ Албанија, каде вчера регистрирани се 17, активни се осум, под надзор се четири, а пет се целосно изгаснати, објави Министерството за одбрана.

Пожари и понатаму беснеат низ Албанија, каде вчера регистрирани се 17, активни се осум, под надзор се четири, а пет се целосно изгаснати, објави Министерството за одбрана.

Според МО пламените јазици зафатиле неколку области, вклучувајќи ги планината Дајти над Тирана, Булќиза, Пешкопеја, Либражд, Ѓирокастро, Тепелена, Малакастра и Химара, каде што недостапниот терен и временските услови го отежнуваат гаснењето на огнот.

– За справување со вонредната состојба, структурите на Цивилната заштита ги мобилизираа сите оперативни капацитети, вклучувајќи противпожарни сили, припадници на армијата, полицијата, како и масовна воздушна поддршка од четири хеликоптери и еден авион „Ер Трактор“.

Во меѓувреме, во Либражд, жителите од неколку куќи мораа да бидат евакуирани поради близината на пожарот, наведува МО.

Националната агенција за цивилна заштита (AKMC) продолжува континуирано да ја следи ситуацијата низ целата земја, во тесна координација со префектурите, општините и сите структури на системот за цивилна заштита.

Оперативните капацитети остануваат ангажирани на терен и подготвени да интервенираат, со приоритет даден на заштитата на животите, домовите и имотот на граѓаните.