Воздушен напад врз училиште во Луганск – се стравува за 60 мртви цивили

Стравувањата во регионот на Луганс се дека 60 лица загинале во воздушен напад врз училиште кое служело како засолниште за цивили.

„Во училиштето засолниште од нападите побараа околу 90 лица“ – изјави Сегеј Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск.

Тој додава дека 30 лица се извлечени од под урнатините, а седум од нив биле повредени.

Во урнатините досега се пронајдени две тела, изјави утрово Хаидаи, додавајќи дека „веројатно е дека сите останати 60 лица се мртви“.

Руски авион фрлил бомба врз училиштето во селото Билохоривка, кое е на околу 11 километри од бојното поле. Во подрумот на училиштето, рече тој, „имаше речиси цело село“.