(ВИДЕО) Јанакијевиќ: На ивица сме работите да излезат од контрола!

➡На ивица сме се да излезе надвор од контрола. Насловот на новиот филм 'Нема да ви се верува што се случи претходно' е намерно таков, бидејќи се работи за политички трилер со луѓе од Вашата професија, со двајца новинари. Овој филм е предупредување дека сме на ивица да излезат работите од контрола, односно колку после ќе боли и колку е тешко да се вратиме во некоја нормала“, изјави македонскиот филмски и татарски режисер, Срѓан Јанакиевиќ.➡Прашањето е колку можеме да останеме чисти кога целото општество е корумпирано до крај. Оваа идеја ја имам многу одамна, скоро 11 години. Како поминуваше времето светов стана многу пострашен. Значи веќе можеби и не е толку страшно кај нас, оти ние некако, за жал, успеавме да се навикнеме. ➡Има простор за хумор, но страшниот момент со хуморот, особено во претставата 'Веќе не е ни смешно' е тоа што таму се покажува до каде треба да се понижиме за да бидеме смешни, бидејќи сите треба да бидеме смешни, сите треба да бидеме весели, и тоа понижување за да бидеме забавни, смешни и весели не доведува до некоја многу понижувачка состојба. Од друга страна гледаме дека хуморот којшто во време на Молиер, или во било кое време до сега, пред оваа AI, Social network, или било која дигитална ера, хуморот беше за да се искритикува власта, а сега е малце поопасно, затоа што нивото на хуморот е паднато, како што на се е паднато нивото. Порано хуморот бил алатка за да му се обратиш на повисокиот, на поголемиот, на тој што може да те малтретира, на тој што може да те владее и тн., да го исправиш. Меѓутоа сега е тоа обратно. Сега они го користат, го злоупотребуваат хуморот за да го понижат веќе понижениот. Тоа страшното во хуморот денес. ➡Вистината е многу битен дел од твојот живот. Не знам дали ние бегаме од реалноста или не форсираат, или не силуваат вон реалноста за да полесно ни го продадат тој контекст, вели режисерот.➡Јанакиевиќ вели проблемот е што комфорот се спушта, Нивото на тоа што некогаш било комфор сега се спушта на се пониско ниво и во еден момент тоа ќе експлодира, како што видовме како експлодира секаде. Како што експлодира во Франција, во Италија, како што експлодира кај нашиот сосед. До еден момент ти можеш да го корумпираш системот, можеш да се обидуваш да поткупуваш и корумпираш луѓе, меѓутоа тоа не може да опстојува.

„На ивица сме се да излезе надвор од контрола. Насловот на новиот филм ‘Нема да ви се верува што се случи претходно’ е намерно таков, бидејќи се работи за политички трилер со луѓе од Вашата професија, со двајца новинари. Овој филм е предупредување дека сме на ивица да излезат работите од контрола, односно колку после ќе боли и колку е тешко да се вратиме во некоја нормала“, изјави македонскиот филмски и татарски режисер, Срѓан Јанакиевиќ.

„Прашањето е колку можеме да останеме чисти кога целото општество е корумпирано до крај. Оваа идеја ја имам многу одамна, скоро 11 години. Како поминуваше времето светов стана многу пострашен. Значи веќе можеби и не е толку страшно кај нас, оти ние некако, за жал, успеавме да се навикнеме. Филмот беше претходно на Олденбург филмскиот фестивал и имаше одлична рецензија и реакциите беа спектакуларно добри. Јас се изненадив, стварно бев збунет. Обичен гледач го гледаше филмот и го раскажуваше подобро од јас што можам да го раскажам. Таму филмот беше многу лично примен. Како да беше германски филм, во тој контекст го примија. Ја сфатија опасноста дека тоа некаде се случува. За да изградиш зграда, или било што да изградиш ти треба многу време, за да го срушиш е многу брзо и многу лесно и сфаќаат дека тоа е многу опасно, и тоа може да се случи секаде. Системот кој што е граден може да се растури многу брзо и тоа е многу опасно“, вели Јанакиевиќ.

„Има простор за хумор, но страшниот момент со хуморот, особено во претставата ‘Веќе не е ни смешно’ е тоа што таму се покажува до каде треба да се понижиме за да бидеме смешни, бидејќи сите треба да бидеме смешни, сите треба да бидеме весели, и тоа понижување за да бидеме забавни, смешни и весели не доведува до некоја многу понижувачка состојба. Од друга страна гледаме дека хуморот којшто во време на Молиер, или во било кое време до сега, пред оваа AI, Social network, или било која дигитална ера, хуморот беше за да се искритикува власта, а сега е малце поопасно, затоа што нивото на хуморот е паднато, како што на се е паднато нивото. Порано хуморот бил алатка за да му се обратиш на повисокиот, на поголемиот, на тој што може да те малтретира, на тој што може да те владее и тн., да го исправиш. Меѓутоа сега е тоа обратно. Сега они го користат, го злоупотребуваат хуморот за да го понижат веќе понижениот. Тоа страшното во хуморот денес“, вели Јанакиевиќ.

Прашан како би ги режирал општествените процеси во Македонија, Јанакиевиќ смета дека не само во Македонија, туку и планетарно, генералниот проблем е токму тоа паѓање на нивото на што е вистина.

„Вистината е многу битен дел од твојот живот. Не знам дали ние бегаме од реалноста или не форсираат, или не силуваат вон реалноста за да полесно ни го продадат тој контекст“, вели режисерот.

Осврнувајќи се на тоа дали веќе пред сѐ сме фокусирани на формата отколку на суштината и не може да излеземе од таа комфорна состојба, Јанакиевиќ вели проблемот е што комфорот се спушта, Нивото на тоа што некогаш било комфор сега се спушта на се пониско ниво и во еден момент тоа ќе експлодира, како што видовме како експлодира секаде. Како што експлодира во Франција, во Италија, како што експлодира кај нашиот сосед. До еден момент ти можеш да го корумпираш системот, можеш да се обидуваш да поткупуваш и корумпираш луѓе, меѓутоа тоа не може да опстојува. Така што не гледам дека тоа може така лесно да помине, сега за сега, што е добро. Би било страшно кога би било во контекст на храбриот нов свет, кога сите би биле издрогирани, насмеани, весели и тн. Меѓутоа не си го сакаат, ниту си го дозволуваат тој однос. Мислам дека прашањето на тоа што некогаш било комфор, комфорна зона, и сега комфор е многу понекомфорно“, вели Јанакиевиќ.

Прашан за негово мислење околу тоа во каков свет живееме, Јанакиевиќ смета дека тоа е тешко прање за одговор со оглед на овој дигитален, а особено свет на вештачка интелигенција.

„Јас од вештачката интелигенција не се плашам, сега за сега, меѓутоа тоа не значи дека не треба да бидеме претпазливи. Вештачката интелигенција не е прашање дали ќе не надвладее или не, туку прашањето е дали ние постоиме за неа сериозно. Во меѓувреме тие што ја имаат моќта и силата ја злоупотребуваат таа моќ, а нивна е вештачката интелигенција. Прашање е дали треба да биде нивна, бидејќи тоа е знаење коешто е наше. Вештачката интелигенција има знаење коешто се складирало се до 10000 години наназад. Тоа не е нивно, туку е општо“, вели Јанакиевиќ.

Говорејќи за тоа кој е денеска најголемиот непријател на културата и колку денеска уметноста е бунтовна, Јанакиевиќ смета дека денеска многу тешко е уметноста да биде бунтовна.

„Јас го разбирам тој порив дека треба да биде, меѓутоа многу е тешко со оглед на тоа што долго време е поминато каде што сме виделе стварно сериозни бунтовни проекти“, вели Јанакиевиќ.

Целиот разговор погледнете го видеото