(ВИДЕО) Разговори со Вилма Русковска и Горан Герасимовски

Вилма Русковска поранешна шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и Горан Герасимовски потпретседател на СДСМ и градоначалник на Центар соговорници во новото издание на Трилинг.

„Ако во претходна постапка од страна на судија и биле одземени двата пасоши, тогаш не ја гледам вината ни кај судот, ни кај обвинителството.

– Нашите граници ни се порозни. Јас не верувам дека на легален премин ја поминала границата“, вели Вилма Русковска поранешна шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, околу Ива Михаилова.

„Институциите како полицијата, обвинителството и судството потфрлија во случајот со Ива Михаилова, смета градоначалникот на Општина Центар.

„Јас лично сметам дека ќе има предвремени избори. Мислам дека ќе бидат на есен. Сѐ уште како партија не сме консолидирани целосно. Можеби делумно да, но не целосно“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.