(ВИДЕО) Костова: Можеби рејтингот на СДСМ не расте, но паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ

Јас ќе се согласам дека можеби СДСМ не се качува во рејтинзите, и тоа е друг проблем од друг вид, но исто така она што е точно е дека рејтинзите на ДПМНЕ паѓаат. Тоа го покажуваат резултатите од локалните избори, но и последните анкети. Она што ДПМНЕ успева да го одржи како поддршка е дали поради клиентелизам, дали поради продолжување на дел од таа лажлива приказна, но се повеќе и повеќе се соочуваат со незадоволството и гневот поради не испорачаните ветувања за оние главни прашања кои сами ги покренаа во предизборието.

„Симптоматично е тоа што власт која речиси има двотретинско мнозинство во Парламент, како и премиерот, зборуваат и ја отвораат темата за предвремени парламентарни избори. Тоа значи дека не се соочуваат добро со предизвиците пред коишто се исправени, и имаат одредени проблеми. Не само со вицепремиерот за добро владеење, каде што покажаа дека она што го сметаа за „дедуизација“, сега излезе дека значи „вленизација“ на администрацијата“, изјави Кристина Костова од СДСМ, околу прашањето кој губи, а кој добива од предвремени парламентарни избори,

Костова во „Трилинг“ направи преглед, на како што вели „ДПМНЕ владее“.

„Три пати до сега ја имаат освојувано власта. 1998 година ја освојуваат власта – се создава криза во 2001. 2006-та ја освојуваат власта, и тогаш од страна на Груевски се воспоставува она што е препознатлив ДПМНЕ-овски механизам за постојано сузбивање на опозицијата – секогаш кога опозицијата има можност да барем малку порасне во рејтинг. Се закажуваат избори во 2008-та, па 2011-та, па 2014-та, па 2016-та. Што значи дека ДПМНЕ нема истерано ниту еден цел мандат.

-Таквиот механизам се покажува погубен, не за некоја партија, туку се покажа дека погубен за демократијата и дека е погубен за државата. И тие ДПНЕ-овски финти гледаме дека сега се обидува и Мицкоски да ги употребува. Дали ќе има предвремени избори или не, го знае само тој. Но пак ќе потенцирам и нагласам дека е симптоматично што ДПМНЕ не се нафаќа да се соочи со јавноста со тоа што ќе истера еден цел мандат. Па после четири години да видиме што ќе кажат граѓаните“, вели Костова.

Осврнувајќи се на извештајот на Европскиот Парламент, каде се инсистира историско-образовната комисија да постигне договор и дали смета дека тогашна власт всушност ја „заглавила“ државата, свесно или несвесно, историските прашања да станат дел од преговарачката рамка, Костова вели дека пред сѐ има сериозни забелешки во тој извештај.

„Има остри критики кога станува збор за демократските состојби и за реформскиот застој во земјата. Вој извештај се истакнува дека не се задоволни во ЕК со владеење на правото, реформите во правосудството и со борбата со корупцијата.

-Исто така се спомнува и дека се особено загрижени за тоа дека јавната дебата се искривува со злонамерни наративи, како и за засилената употреба на говор на омраза особено на социјалните мрежи. Тука е и еден интересен момент поврзан со дипломатијата којашто ја води актуелното македонско раководство и Влада, а тоа е што оваа година изразуваат жалење што македонските дипломати, во одредени ситуации, избрале да не гласаат усогласено со мнозинството земји членки на ЕУ во одредени меѓународни тела.

-Тоа покажува дека водат некаква дипломатија за којашто не даваат објаснување, но очигледно е дека со секој одминат ден ја оддалечуваат Македонија од Европа и „ги горат мостовите“ кон ЕУ. Тоа е загрижувачки затоа што покажува какво е всушност расположението кај ДПМНЕ за каква било европска интеграција. Мицкоски вели дека ќе трчал маратон кон ЕУ, но граѓаните се уморни, немаат веќе сила да издржуваат неодговорно владеење на ДПМНЕ и Мицкоски. На Мицкоски му е лесно да чека со сите привилегии кои ги уживал цел живот, но граѓаните не можат да чекаат.

-Имаме статистички податок токму за периодот во којшто владееше Груевски кога не втурна во силна изолација, а тоа е потврдено и од Светска банка, дека од 2008 до 2016-та година од Македонија се имаат иселено над 600.000 претежно млади луѓе. Тоа е огромна загуба, но тие луѓе со своето иселување кажале дека се ЗА ЕУ.

За фактот дека ВМРО-ДПМНЕ денес ужива двојно поголема поддршка од СДСМ, и од каде се симпатиите кон таа партија доколку води погрешна политика, Костова потсетува на предизборието во 2024-та година.

„Тогаш Мицкоски и сите од ДПМНЕ, како и актуелната претседателка на државата, напаѓаа секаков дипломатски напор на тогашната власт, вклучително и потпишувањето на Преспанскиот договор, и создаваа таква политичка клима, која што е прилично токсична, во која што поставуваат нереални очекувања.

-Јас ќе се согласам дека можеби СДСМ не се качува во рејтинзите, и тоа е друг проблем од друг вид, но исто така она што е точно е дека рејтинзите на ДПМНЕ паѓаат. Тоа го покажуваат резултатите од локалните избори, но и последните анкети. Она што ДПМНЕ успева да го одржи како поддршка е дали поради клиентелизам, дали поради продолжување на дел од таа лажлива приказна, но се повеќе и повеќе се соочуваат со незадоволството и гневот поради не испорачаните ветувања за оние главни прашања кои сами ги покренаа во предизборието.

-Не можеме да очекува инстантни ефекти од тоа што сами си го лажат членството и поддржувачите. Затоа сметам дека е важно да зборуваме и со факти, меѓутоа и да се навраќаме на она што сме го научиле од минатото. А тоа е дека ДПМНЕ нема интерес за какво било поместување во интеграциските процеси за земјава. Како што во минатото правеа се за земјава да не се зачлени во НАТО, така прават се земјава да не се зачлени во ЕУ, но се тоа на штета на државата“, вели Костова.

Осврнувајќи се на животниот и економскиот стандард, и дали граѓаните чувствуваат подобрување, Костова вели дека сите припадници на демократската јавност со потсмев гледаат на изјавите на Мицкоски кога ќе каже дека сме биле 3,4,5-та економска сила.

„Во меѓувреме тоа истиот оној Мицкоски, кој е премиер на истата Влада којашто пред само неколку дена излезе со соопштение во коешто бара трпение од примателите на социјална помош затоа што не може да ги исплати. Каква е таа економска сила којашто не може социјалците да ги исплати. Потоа да ги прашаме претставниците на реалниот сектор – колку време, колку месеци државата им должи исплата на ДДВ?

За податокот дека поради одлука на СДСМ државата треба да им врати 50 милиони евра од солидарниот данок на компаниите, Костова вели дека интересно е да се види кои се тие компании и дали тие компании се во сопственост на луѓе коишто донирале на ДПМНЕ во предизборниот период во 2024-та година.

Прашана дали со ставот Бугарите да бидат внесени во преамбулата на Уставот, СДСМ се обидува да ги придобие симпатиите кај меѓународните партнери, Кристина Костова смета дека со Францускиот предлог се гарантира дека нема понатамошни дебати за идентитетски прашања.

„Дијалогот со Бугарија не е под покровителство, туку адресата за тој дијалог е Европа и ЕУ. Кога станува збор за одредени компромиси коишто ние како држава треба да ги направиме, тоа значи дека тие компромиси би биле направени за да започнат преговорите Унијата. Она што стои во Францускиот предлог е дека нема да има барања поврзано со идентитетските прашања.

-Оттука прашањето е дали реформите коишто треба да ги направиме во општеството, а тоа се во правосудството, владеењето на правото, борбата со корупцијата се толку страшни реформи од коишто сега треба да бегаме под превез на изговорот дека не смееме да направиме еден почетен компромис, којшто би значел само почеток на преговорите.

-Сметам дека како држава ние немаме веќе луксуз да чекаме, особено не како граѓани. Чекањето е прерогатив на привилегираните. Мислам дека секој одминат ден чекање, не остануваме во истата позиција, туку нашата позиција назадува. Тоа го видовме во решавањето на спорот со Грција. Се создаде децениски проблем, каде позициите што Македонија ги имаше изградено во 2004, или 2005-та година, сериозно се срушија за време на владеењето на Груевски. Тој, од она што можевме да го слушнеме од снимките, преговарал по телефон, но пред јавноста продаваше приказна кадешто го делеше народот на патриоти и предавници. Дали сега истото се случува? Мицкоски со години, претставници на ДПМНЕ, претставници на нивните коалициони партнери велат дека бараат гаранции, а притоа досега немаат ниту еднаш објаснето какви се тие гаранции кои ги бараат.

-Има во јавноста некои политиколози, со кои се согласувам, а со некои не, коишто велат дека ако се бараат такви гаранции тие може да се изградат во одредени клаузули со уставните измени. Но Мицкоски и ДПМНЕ ни тоа не го прават. Буквално не се поместуваат ни милиметар кога станува збор за упатување во насока кон ЕУ и почеток на преговорите.

-Мора и уште една забелешка да дадам – во јавниот дискурс поголем е притисокот врз опозицијата за тоа во која насока оди европското интегрирање на земјата отколку врз власта. На секое нивно јавно излегување им се дозволува да кажат дека ќе трчаат маратон, дека нема поместување милиметар, дека ќе чекаат години и децении, но прашањето е дали ќе дадат идеја, образложение што ќе прави Македонија во меѓувреме. Која е опцијата за оваа држава додека Мицкоски чека. Тоа треба да го објаснат тие“, вели Костова.

Целото интервју погледнете го во видеото.