Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е портпарол на владејачката ДУИ, на социјалните мрежи објави дека партијата е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада.
Оваа негова реакција доаѓа откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ би влегла во широка Влада, само под услов во неа да не биде ДУИ.
„ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“ – напиша Османи на ФБ.