Бен Афлек и Џенифер Лопез го привлекоа вниманието на многумина со новата реклама  „Dunkin’ Donuts“

Бен Афлек и Џенифер Лопез го привлекоа вниманието на многумина со новата реклама  „Dunkin’ Donuts“.

Славниот пар глумеше во рекламата за „Dunkin’ Donuts“, која се емитуваше синоќа за време на рекламите за Супербоул. Рекламата е режирана од Афлек, а снимена од Ерик Солстром. Извршни продуценти на рекламата се Рајан Славин и Џеј Полак.

Во рекламата Афлек глуми вработен во т.н драјв-ин продавница во Масачусетс, каде купувачите ги преземаат своите крофни.  Афлек одлучува да ѝ подари на една девојка бесплатни крофни, и фотографира со друга девојка.

 

Рекламата доживува заплет кога неговата сопруга Лопез се појавува во еден од автомобилите и нервозно почнува да поставува прашања, на што Афлек тивко ѝ одговара да престане да го срами пред пријателите.

По кратката расправија, Џенифер Лопез му вели да ѝ спакува крофна со глазура. Токму оваа сцена насмеала многумина, кои на социјалните мрежи пишуваат дека ова е најдобрата реклама која се емитуваше синоќа за време на Супербол.