Бања Лука наскоро добива електрични трамваи од Кина – го решава јавниот сообраќај

„Не се шегуваме со нашите визии, ги остваруваме. Трамваите од Кина веќе се на пат кон Хамбург, а за неколку недели очекуваме нивно пристигнување во нашиот град. Бања Лука ќе биде првиот град во Европа што ќе има ваков вид електричен транспорт“, најави Станивуковиќ.

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, објави дека првите електрични трамваи се на пат кон Бања Лука.

„Не се шегуваме со нашите визии, ги остваруваме. Трамваите од Кина веќе се на пат кон Хамбург, а за неколку недели очекуваме нивно пристигнување во нашиот град. Бања Лука ќе биде првиот град во Европа што ќе има ваков вид електричен транспорт“, најави Станивуковиќ.

„Уште од следната недела, првите електрични автобуси ќе бидат на улиците на нашиот град, а инсталираме 40 нови автобуски станици со информации за линиите и возните редови“, рече тој.

Тој најави дека наскоро ќе пристигне апликација што ќе овозможи следење на автобусите во реално време и информации за времето на пристигнување.

Овие трамваи не се класични, односно не одат по шини, па не е потребна дополнителна изградба на нова инфраструктура. Од фотографиите може да се заклучи дека тие се како автобуси само со многу поголем капацитет на патници кои може да се превезуваат со едно возило.

Според најавите во Бања Лука треба да пристигнат четири трамваи. Бања Лука е град во Босна и Херцеговина со околу 300.000 жители.