Банката по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки

Изнендување на божиќното утро – банката Сантандер по грешка уплатила 155 милиони евра и тоа на 75.000 различни сметки.

Вработените во банката побрзале да ги вратат парите иако голем дел од нив е уплатен на сметки во други банки – пренесе „Би-Би-Си“.

Грешката настанала кога уплатите од 2.000 деловни сметки биле извршени по двапати.

Иако од Сантандер банката информираа дека „ќе гледаат да ги вратат парите од сметките на нивните клиенти“, сепак нејасно е како ќе постапат банките во случај нивните клиенти веќе да ги потрошиле парите, бидејќи враќањето на средствата може да доведе до пречекорување на сметките.