Апелација потврди дека Драган Ковачки ја клеветел Славјанка Петровска

Екс министерката за одбрана, Славјанка Петровска на Фејсбук напиша дека скопскиот Апелациски суд ја потврди првостепената пресуда со која утврди дека пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ ја клеветел и ја навреди во случајот поврзан со обвинувањата за наводно непријавен имот.

Петровска рече дека пред три години Ковачки на повеќе прес-конференции јавно ја обвини дека поседува „хациенда со базен“, која, како што тврдеше, не ја пријавила согласно законските обврски.

„Тогаш најодговорно тврдев дека не поседувам скриен имот и дека посочениот имот никогаш не бил мој. Но, упорно и континуирано се ширеа лаги и дезинформации со единствена цел да се нарушат мојот углед и чест“, наведе Петровска.

Таа посочи дека, и покрај, како што тврди, обидите на Ковачки да ги одолговлекува судските постапки, вистината излегла на виделина.

Според неа, на седницата одржана на 23 април 2026 година, Апелациониот суд Скопје ја потврдил првостепената одлука за клевета и навреда.

Петровска оцени дека станува збор за „демаскирање на лагите“ со кои, според неа, ВМРО-ДПМНЕ дошла на власт, додавајќи дека политичките конструкции и напади остануваат нивна алатка и денес.