
Првиот светски рекет Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на УС Опен, каде ќе се сретне со Русинот Данил Медведев.
Шпанецот со 3:0 во сетови го победи Александер Зверев за нешто повеќе од два часа.
Алкараз го доби првиот сет со 6:3, во вториот беше уште поубедлив и на противникот му препушти два гема, а третиот го заокружи со 6:4.
Во полуфиналето го чека пресметка со рускиот тенисер Данил Медведев. Третопласираниот во светот во четврт-финалето го победи својот кум и сонародник Андреј Рубљов со 3:0.
По сетови беше 6:4, 6:3, 6:4. Дуелот траеше два часа и 48 минути.
Многу поголем проблем од Рубљов, за Медведев беа неподносливите горештини во Њујорк, тешко дишеше во текот на целиот меч, неколкупати му беше укажана лекарска помош, но, сепак, успеа да слави против осморангираниот тенисер во светот.
Во другото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Бен Шелтон. Двата полуфинални дуели се закажани за в петок.