Автобус излетал од патот во Србија, има неколку повредени

Шест лица се повредени на територијата на општина Лазаревац во Србија кога автобус на „Ласта“ излетал од патот, потврдија за РТС од сообраќајната полиција.

Несреќата се случила околу 7 часот и 30 минути.

Повредените со брза помош биле пренесени во ургентниот центар.