Ќе воспоставиме стабилен систем за спречување на врсничкото насилство, изјави Јаневска

Министерството за образование и наука планира континуирани активности за спречување на врсничкото насилство и воспоставување стабилен систем што ќе делува превентивно, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Министерството за образование и наука планира континуирани активности за спречување на врсничкото насилство и воспоставување стабилен систем што ќе делува превентивно, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Говорејќи за мерките што ги презема Владата, таа рече дека станува збор за серија активности насочени кон сузбивање на врсничкото насилство.

-Предвидовме исклучително многу активности за сузбивање на врсничкото насилство. Ова е прва Влада која посвети толку внимание на оваа појава. Презедовме проекти и законски измени, како и промени во училиштата во однос на распоредот на наставниците и грижата за учениците, па дури и казни за родители чии деца повторуваат врсничко насилство – истакна Јаневска.

Таа информираше дека разговорите со Град Скопје во моментов се одвиваат на ниво на службите, а дополнително ќе се разговара и со градоначалникот за конкретните активности.

-Тоа ќе бидат континуирани проекти, за да не бидат само проекти како проекти, туку да воспоставиме стабилен систем кој континуирано ќе дејствува во спречувањето на врсничкото насилство – рече министерката.