Јане Ченто ќе ја тужи Вилма Рускоска за 27 април
Утре Јане Ченто ќе сподели информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за настаните од 27 април. Според иницијалите што ги споменува, станува збор за Вилма Рускоска.

-Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12 часот пред Основното јавно обвинителство. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р. и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката – се наведува во најавата.
Во најавата Ченто наведува дека ова претставува почеток на процес за утврдување одговорност и расчистување на сите околности поврзани со судскиот процес за 27 април.
-Во име на опфатените со судскиот процес изјава за медиумите ќе даде Јане Ченто, се вели во најавата.