Филипче: Ќе го номинирам Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ
„Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат“, смета Филипче.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи извести дека ќе го номинира градоначалникот на Општина Центар, во два мандати, Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ.