Најмалку 13 загинати и десетици повредени по руски ракетен напад врз Киев

Најмалку 13 лица загинаа, а 56 се повредени во силниот руски воздушен напад врз Киев и други украински градови, извршен во текот на ноќта. Според украинските власти, меѓу повредените има и деца, а 32 лица се хоспитализирани.

Најмалку 13 лица загинаа, а 56 се повредени во силниот руски воздушен напад врз Киев и други украински градови, извршен во текот на ноќта. Според украинските власти, меѓу повредените има и деца, а 32 лица се хоспитализирани.

Руските сили извршиле комбиниран напад со десетици крстосувачки и балистички ракети, како и голем број беспилотни летала, при што биле погодени станбени згради, хотел во центарот на Киев и други цивилни објекти. До раните утрински часови биле регистрирани оштетувања на најмалку 28 локации, претежно на станбени објекти и цивилна инфраструктура.

Началникот на Киевската градска воена администрација, Тимур Ткаченко, изјави дека нападите повторно биле насочени кон станбени населби.

„Непријателот повторно ги гаѓа станбените квартови и убива цивили. Имаме сериозни разурнувања и голем број жртви, меѓу кои има и деца“, изјави Ткаченко.

Нападот започнал со масовно лансирање беспилотни летала од повеќе правци кон главниот град, по што во текот на ноќта следувале балистички ракети, вклучувајќи и хиперсонични ракети „Циркон“. Украинската противвоздушна одбрана дејствувала во повеќе делови од Киев, додека жителите ноќта ја поминале во засолништа и станици на метрото.