УЈП: Рокот за плаќање на данок по Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 30 јуни 2026

Управата за јавни приходи ги известува сите граѓани дека крајниот рок за уплата на данокот утврден со Годишната даночна пријава за 2025 година е 30 јуни 2026 година.

Управата за јавни приходи ги известува сите граѓани дека крајниот рок за уплата на данокот утврден со Годишната даночна пријава за 2025 година е 30 јуни 2026 година.

УЈП информира дека секој граѓанин чија пријава покажува износ за доплата должен е да ја изврши уплатата навреме, со цел да избегне дополнителни трошоци и камати. За граѓаните на кои им е донесено или ќе им биде донесено решение со корегиран износ, рокот за уплата изнесува 15 дена од денот на доставувањето на тоа решение.

-Како да платите? Постапката е едноставна и се состои од неколку чекори:

1.Најавете се во вашиот кориснички профил на е-Даночни услуги (e-ujp.ujp.gov.mk)

2.Изберете ја опцијата „Годишна даночна пријава“

3.Преку копчето „Преглед“ отворете ја пријавата за 2025 година

4.Преку копчето „Печати“ добијте го налогот за плаќање — тој се наоѓа на третата страница од документот

5. Налогот може да го испечатите или препишете, а при електронско банкарство — доволно е да го ископирате фолио бројот и да го внесете во налогот ПП53, наведуваат од УЈП.

Оттаму апелираат граѓаните да внимаваат на точноста на уплатата и потсетуваат дека уплатата нема да биде успешно евидентирана доколку не се точно внесени:

•Даночниот идентификациски број (ЕМБГ) на обврзникот

•Фолио бројот

•Сите останати елементи од налогот за плаќање.

-Дополнително, доколку уплатата ја врши друго лице (член на семејство или трето лице), потребно е претходно да се изврши промена на налогодавец во спротивно уплатата нема да биде евидентирана. Упатство за плаќање во име на трето лице достапно е на следниот линк: https://youtu.be/OPHSUunsKQM. На ист принцип се врши и промена на налогодавачот во налогот за плаќање по ГДП, со тоа што во полето за фолио број се внесува фолио бројот од налогот по ГДП, додаваат од УЈП.

Информираат дека доколку граѓаните добијат известување за долг по годишна даночна пријава или сметаат дека пресметаниот износ содржи грешка, да постапат според упатствата достапни на: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1992

-Доколку не сте во можност да го платите целиот износ одеднаш, постои можност за одложено плаќање на даночен долг – репрограм. Повеќе информации: https://youtu.be/9hrsLyQkOmc, додаваат од УЈП.

Од УЈП наведуваат дека за сите прашања и помош, граѓаните може да се обратат во Контакт центарот на УЈП: 023 253 200 и info@ujp.gov.mk.