Транспарентноста испорачува европски стандарди, вели Марјан Забрчанец

Клучен институционален стандард, а не партиско средство за политички маркетинг – вака експертот за стратешки комуникации, Марјан Забрчанец, ја дефинираше транспарентноста во разговор за порталот „48 часа“. Тој вели дека отвореноста на институциите има многу повисока, државничка цел од едноставното собирање евтини поени кај гласачите.

Забрчанец потсетува на огромниот напредок што Македонија го забележа во периодот од 2017 до 2022 година, кога од последното место во регионот, државата се искачи на лидерската позиција по транспарентност и отвореност на институциите. Тој процес бараше кршење на сериозни отпори кај дел од администрацијата, но резултираше со отворање на сите владини заклучени фиоки и воведување на 30 задолжителни типови документи за јавно објавување на веб-страниците.

Но, нагласува:

„Мора да бидеме реални и да кажеме дека транспарентноста не е изборна алатка која им носи гласови на партиите на избори. Транспарентноста е институционален стандард кој ги прави институциите подобри, а услугите за граѓаните поквалитетни“.
Според него, модерната политичка комуникација денес покажува дека не постои победник на избори кој на некаков начин не користи комуникациски популизам. Самата транспарентност, доколку е изолирана, не е доволна за да ги запре дезинформациите и хибридните напади. За таа да има полн ефект, мора да оди во пакет со брза реакција на лагите, силно емитување на демократски вредности, соодветни медиумски ресурси и континуирана едукација на населението.

Тој е загрижен што од 2024 година новата власт покажува целосна незаинтересираност за проактивна транспарентност. Тој посочи дека иако некои институции сè уште објавуваат одредени податоци по инерција и автоматизам од минатото, денес веќе не постои централна државна агенда за отворена влада.