Суспендирана директорката на гостиварски „Комуналец“ заедно со неколкумина други надлежни за водоводот
Кризата со водоснабдувањето во Гостивар и зголемениот број заболени ќе бидат тема на вонредна седница на Советот на Општина Гостивар. Локалните власти најавија дека наскоро ќе заседава и кризниот штаб, кој треба да донесе конкретни мерки за надминување на состојбата.

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, информираше дека веќе се преземени одредени чекори во врска со одговорноста за проблемите со градскиот водовод,
Тој соопшти дека директорката на ЈП „Комуналец“, Артана Асани, е суспендирана, заедно со уште неколку лица кои, како што посочи, биле одговорни за функционирањето на водоводниот систем.
Лимани ги повика надлежните институции да ја завршат истрагата објективно и транспарентно, нагласувајќи дека Општината ќе соработува целосно со нив со цел да се утврдат фактите и да се најде решение за проблемот.
Во меѓувреме, локалната самоуправа ќе обезбеди телефонски број преку кој граѓаните кои немаат можност да набават вода за пиење ќе можат да побараат таа да им биде доставена до домовите.
Градоначалникот упати благодарност до компаниите и поединците кои во изминатите денови се вклучија во обезбедување помош и снабдување со вода за жителите на Гостивар.
На вонредната седница на Советот и на состанокот на кризниот штаб се очекува да бидат разгледани дополнителни мерки за справување со последиците од состојбата.