Силно невреме го погоди јужниот дел на Загреб

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи и град денеска го погоди јужниот дел на Загреб, додека Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде портокалово предупредување поради невреме со громотевици.

Невремето го зафати јужниот дел на хрватската престолнина и околината во текот на претпладнето, а поради интензивните врнежи дел од возачите биле принудени да ги запрат своите возила, пренесува „Т-портал“.

Според медиумските извештаи, невремето предизвикало и проблеми во снабдувањето со електрична енергија во населбата Врбик.

Портокалов метеоаларм е издаден и за регионите на Сплит и Дубровник, но поради исклучително високите температури, пренесува порталот „Нет.хр“.