СДСМ: Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ

„Арамијата Мицкоски е цела недела на екскурзија во САД со 50 луѓе, а немаше ниту една официјална средба и нема никаков резултат. Неформален разговор во ходник го прикажува како средба а како најголем „успех“ го претставува 5 милиони долари за антимон. Народот не го прашува, сам одлучува. Поведе делегација од околу 50 луѓе на трошок на граѓаните, за концерт фрлија 5,53 милиони евра народни пари од Лотарија, а за отров 5 милиони долари ги претставува како голема инвестиција“ соопштија денеска од СДСМ.

Од партијата велат „Антимонот не е храна, туку метал за воена индустрија. Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата. СЗО има лимит во водата за пиење. Европа таквите ископи ги запира затоа што отровот останува, додека профитот заминува“.

„Владата на Мицкоски не може чиста вода за пиење да обезбеди, во Гостивар 11 недели не се објавува извештај за водата, во над 50 населени места не се објавува извештај, тие нема да можат водата, почвата и здравјето на луѓето да ги заштитат од штетните последици од ископот и преработката на антимон. Ова е распродажба на штета на здравјето на луѓето. Не е партнерство. Целта се провизиите и диловите, тоа граѓаните веќе многу добро го знаат. Концертот го платија скапо, богатството на Македонија го распродаваат евтино, за багателна цена. Разликата е во провизијата. Македонија не е на продажба!“ велат од СДСМ.