
Премиерот Христијан Мицкоски утринава имал онлајн работен состанок со директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман посветен на Реформската агенда.
„Ние сме единствена земја од регионот којашто работи за реформите до декември, барем така тие го кажаа. Ние остануваме посветени на таа испорака. Ќе направиме сѐ што зависи од нас. Нема да потпишуваме капитулации и бели листови хартија како што тоа го правеше претходната влада, а ништо да не испорачаат дома. Потоа оставаме на луѓето од Брисел, на Европската комисија да суди дали ние реално заслужуваме да бидеме дел од Европската унија врз база на испорака, понатаму ќе оставиме на нив“, изјави Мицкоски денеска во Делчево одговарајќи на новинарски прашања.