Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен односно над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен односно над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.