„Пошта“ не работеше поради невремето, вели директорот Куртиши

„Пошта“ три дена не работеше поради сериозното невреме и техничките последици што ги предизвика, но денес работењето е целосно нормализирано и сите услуги се одвиваат непречено.

„Пошта“ три дена не работеше поради сериозното невреме и техничките последици што ги предизвика, но денес работењето е целосно нормализирано и сите услуги се одвиваат непречено.

Ова го објави директорот на АД „Пошта“, Орхан Куртиши, реагирајќи до пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, кој вчера обвини дека „Пошта“ трет ден по ред не прима писма.

Кутриши го обвини Апасиев посегнал по ширење дезинформации, навредил илјадници вработени и собирал политички поени врз грбот на институцијата.

„Кога Димитар Апасиев нема факти, прибегнува кон лаги, навреди и евтин популизам. Да, Пошта три дена не работеше поради сериозното невреме и техничките последици што ги предизвика, но денес работењето е целосно нормализирано и сите услуги се одвиваат непречено.

АД Пошта на Северна Македонија нема да биде заложник на нечии политички фрустрации. Граѓаните заслужуваат факти, а не измислици и евтини политички претстави“, напиша Куртиши на Фејсбук.

Претходно, Апасиев, обвини дека „Пошта“ не прима писма трет ден по ред и дека поради тоа адвокатите ги пропуштаат роковите за жалби.