Почина поранешниот премиер на СРЈ Милан Паниќ

Американскиот бизнисмен од српско потекло и поранешен премиер на Сојузна Република Југославија (СРЈ) Милан Паниќ почина на 97-годишна возраст, во Калифорнија, во Соединетите Американски Држави.

Американскиот бизнисмен од српско потекло и поранешен премиер на Сојузна Република Југославија (СРЈ) Милан Паниќ почина на 97-годишна возраст, во Калифорнија, во Соединетите Американски Држави.

На меморијалната страница посветена на Паниќ е наведено дека починал на 24 септември во Пасадена.

Тој беше премиер на СРЈ од јули 1992 до февруари 1993 година, а на претседателските избори во Србија во декември 1992 година беше противник на Слободан Милошевиќ.

Својата кариера ја изгради во САД, каде што во 1959 година ја основа фармацевтската компанија ИЦН.

Паниќ е роден 1929 година во Белград. За време на Втората светска војна бил во партизаните. По војната, како студент на Универзитетот во Белград, бил успешен велосипедист. Во текот на педесеттите години, ја напуштил Југославија и заминал во САД. (Бета)