„Патување кон корените“ – документарен филм и изложба во Охрид

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, вечер ќе се одржи културниот настан „Патување кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска.

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, вечер ќе се одржи културниот настан „Патување кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска.

Настанот, организиран од Полската амбасада во Македонија и НУ Центар за култура „Григор Прличев“, ќе започне во 19 часот, а влезот е бесплатен.

Во рамки на програмата ќе биде прикажан документарниот филм „Македонецот“, создаден според вистинската животна приказна на таткото на режисерот, Мито Алексовски, кој како дете бил бегалец од Егејска Македонија.

Настанот ќе опфати и придружна изложба насловена „Мајко мила“, како и обраќања на претставници на Полската амбасада и Општина Охрид и на режисерот Петро Алексовски.