Откажан концертот на Џос Стоун во Скопје, невремето ја оштетило опремата

Откажан е концертот на познатата британска пејачка Џос Стоун што требаше да се одржи вечерва во Скопје на стадионот на АРМ. Ова вечерва го соопшти организаторот, „Авалон“, на официјалниот профил на Фејсбук, само неколку часа пред почетокот на долгонајавуваниот настан.

Откажан е концертот на познатата британска пејачка Џос Стоун што требаше да се одржи вечерва во Скопје на стадионот на АРМ. Ова вечерва го соопшти организаторот, „Авалон“, на официјалниот профил на Фејсбук, само неколку часа пред почетокот на долгонајавуваниот настан. Причината, како што велат од „Авалон“, е штетат на опремата предизвикана од невремето што попладнево го зафати Скопје.

Еве ја објавата на „Авалон“:

„Драги наши,
Како што може да претпоставите, невремето предизвика оштетување на комплетната продукциска опрема, како и на просторот предвиден за одржување на вечерашниот концерт на Joss Stone.
По извршената проценка на состојбата, беше констатирано дека не постојат никакви услови салата и продукциската опрема да се доведат во состојба што би овозможила дури и минимални услови за безбедна реализација на концертот.
Дополнително, добивме информации дека постои можност помеѓу 21:00 и 22:30 часот повторно да има невреме и поради тоа, од безбедносни причини, не постојат никакви услови концертот да се одржи.
Сите информации околу повратот на средствата ќе ги добиете во текот на утрешниот ден.“

Суперѕвездата по девет години повторно требаше да настапи во Скопје, како дел од европската турнеја,

Уште од првиот албум “The Soul Sessions” издаден во 2003, кој ја освои престижната Mercury Prize, па до подоцнежните грандиозни Brit Award и Grammy награди, Стоун се потврди како планетарна ѕвезда.

„Нејзиниот квалитет (како и фактот дека стана најбогата пејачка на светот до 30 години) ѝ овозможи на Joss да може да прави буквално што сака!И да свири на фестивали како Glastonbury, и да прави турнеи по клубови со кои го обиколи целиот свет, како Total World Tour, која траеше 6 години. Во склоп на таа турнеја, Joss настапи и во Скопје со клупско шоу, и се разбира – планираните 1.000 влезници се распродадоа за неколку минути!“, велат од „Авалон“.

Стоун, 2016 настапи во МКЦ, во рамки на „Скопје џез фестивал“, а во Скопје се дружеше и со нашата поп-ѕвезда Каролина Гочева.